Наполи во неделата доживеа дебакл на домашен терен кога изгуби 0-3 од Аталанта.
Аталанта славеше против Наполи на гостински терен со убедливи 3-0 во 11. коло од италијанската Серија А. Избраниците на Антонио Конте беа двапати шокирани во првото полувреме од страна на Адемола Лукман, кој погоди во 10. и 31. минута за предност од 2-0. Конте реши да направи неколку измени во вториот дел со надеж дека ќе се врати во игра за бодови, но Наполи не ги користеше шансите, а потоа казната пристигна од Матео Ретеги кој ги постави конечните 3-0. Наполи останува на првата позиција со 25 бодови, по што следи Аталанта со 22, додека Интер и Јувентус имаат по 21 бод.