Македонија првото исклучување на мечот го доби во 36. минута (Стојковиќ), а Кизиќ првата одбрана ја имаше во 38.минута, кога истрча и спречи гол во празна мрежа при водство на противникот од 24-25. Лоша вест беше што се разбрани естонскиот голман, па гостите во 40. минута стигнаа и до два гола предност (24-26). Нападот веќе не функционираше, Кизиќ со нови две одбрани помогна гостите да не се одлепат уште повеќе, но Лазаров виде дека мора да реагира и повика тајмаут.