Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го пофали крилниот напаѓач на „црвените“, Мохамед Салах, кој беше најдобар поединец на неговата екипа во победата против Астон Вила 2-0 во 11. коло од Премиерлигата.
Пулените на Слот го искористија новиот кикс на Манчестер Сити и дополнително ја зголемија предноста и го забележаа четвртиот триумф во низа во сите натпреварувања.