Иван Јуриќ од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Рома откако „волчицата“ му врачи отказ на хратскиот стручњак по поразот на домашен терен од Болоња, четврти неуспех на римскиот клуб во последните пет рунди од „Серија А“. Тој влезе во конфликт со бројни фудбалери почнувајќи од Пауло Дибала, беше повеќе од јасно дека деновите на Јуриќ во клубот се избројани, но во последните две седмици одлуката за смена беше одложувана, за денеска конечно да биде официјализирана по поразот од Болоња. Ekipa