Португалецот Жоао Переира денеска беше назначен за тренер на португалскиот Спортинг Лисабон, каде го предводеше резервниот тим, соопштија од лисабонскиот клуб преку соопштение за медиумите.
Жоао Переира е поранешен репрезентативец кој тренираше во лисабонска Бенфика, но настапуваше и за Спортинг, на чија клупа ќе го наследи Рубен Аморим, кој замина во Манчестер Јунајтед.