Во текот на изминатата недела, царинските службеници на граничните премини и мобилни тимови при Одделението за оперативни работи, Сектор за контрола и истраги спречија обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и друга стока, а спречен е и нелегален изнес на девизи.
Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава.