Францускиот фудбалер Усман Дембеле поради повреда ќе ги пропушти следните два репрезентативни натпревари во Лигата на нации, а во тимот ќе го замени Кингсли Коман, соопшти Француската фудбалска федерација (ФФФ). Напаѓачот на Пари Сен Жермен, почувствувал болка во долниот дел на грбот во саботата на натпреварот против Анже од француското првенство (4-2). Во досегашната кариера, 27-годишниот фудбалер има 53 настапи за француската репрезентација и постигна шест гола. Ekipa