Наместо прегледите на судиските одлуки да бидат надгледувани и контролирани само од службено лице што дејствува како видеопомошник-судија (ВАР), системот фудбалска видеоподдршка (ФВП) им дава можност на тренерите да побараат до две проверки по меч ако почувствуваат дека е направена грешка.
ФВП, кој се користеше на СП годинава за фудбалерки до 20 и до 17 години, беше одобрен за тестирање од ИФАБ во март, а ФИФА сега сака да го прошири и на други натпреварувања Светската фудбалска федерација (ФИФА) се надева дека ќе добие дозвола од Меѓународниот фудбалски борд (ИФАБ) да продолжи со тестирањата на системот фудбалска видеоподдршка (ФВП), алтернатива на системот видеопомошник-судија (ВАР), кој им дава шанса на тренерите да ги оспоруваат одлуките на судиите, пишува ЕСПН.