Репрезентацијата на Македонија за фудбалерти до 21 година загуби во денешната пријателска пресметка со Косово (1-3) на првиот од двата предвидени натпревари, кој се одигра на тренинг-комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Македонската У21 репрезентација загуби од соодветната селекција на со конечни 1-3 во пријателскиот натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во . Нашите надежи подобро го отворија мечот и поведоа со голот на Никола Величковски во 18. минута, но гостите успеаја да израмнат десет минути подоцна преку Аријанит Фазлија, кој го постави резултатот на паузата (1-1). Второто полувреме донесе многу поангажирана игра на Косовците, кои во продолжение успеаја уште двапати да ја затресат нашата мрежа, а точката на победата беше ставена во 89. минута, кога нашата одбрана беше невнимателна при еден корнер на гостите.