Долгоочекуваната боксерска борба помеѓу Џејк Пол и Мајк Тајсон, која се пренесуваше ексклузивно на платформата Нетфликс, заврши со разочарување за милиони гледачи ширум светот, кои наместо да уживаат во спектаклот се соочија со технички проблеми, вклучувајќи чести прекини, проблеми со вчитувањето и целосен пад на услугата.
Нетфликс, кој имаше ексклузивно право за пренос, ја понуди борбата како дел од претплата со почетна цена од 5 долари.