Фудбалерите на Косово се соочуваат со строги казни и суспензии од УЕФА поради скандалот за време на натпреварот против Романија, одигран во рамките на Лига Ц од Лигата на нациите, кога во судиското продолжение, при резултат 0-0, го напуштија теренот како реакција на скандирањата „Србија, Србија“ од трибините.
Капитенот Амир Рахмани ги поведе соиграчите во соблекувалната, каде што хаосот продолжи.