Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го освоија и четвртиот бод во Лигата на шампионите, играјќи нерешено против Фредериција 29-29. Пелистерци имаа предност од еден гол, испуштија напад за +2, а потоа со два брзи гола, данскиот тим дојде до предност, која беше анулирана за на крај реми.
Ова беше деби за новиот тренер Раул Алонсо во Лигата на шампионите, кој по средбата истакна дека е горд на екипата за борбата на теренот.