Најпрво поен за aргентинците освои Франциско Серундоло со победата против Лоренцо Музети (6-4 и 6-1), а потоа Синер го декласира Себастијан Баес со 6-2 и 6-1. Патникот во полуфинале се решаваше со дуелот во двојки, каде што Синер повторно се појави на теренот, иако не требаше да игра на мечот, па заедно со Матео Беретини ги нокаутира Максимо Гонзалес и Андрес Молтени.