Екипата на Барселона во вчерашниот натпревар против Селта испушти два гола предност и дозволи противникот да се врати во последните десетина минути кога домаќините постигнаа два гола (2-2). Но, медиумите во Шпанија не заборавија да потсетат и на уште еден податок.
Фудбалерите на Барселона за првпат од почетокот сезоната се во криза, а тренерот Ханси Флик изрази загриженост по вчерашното реми против Селта (2:2). По убедливата победа над Реал Мадрид Барселона создаде предност од шест бода на врвот на табелата, но само еден месец подоцна и тоа со репрезентативна пауза измеѓу таа предност каталонскиот гигант ја прокоцка.