Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти, ниту пари за изградба на когенеративни централи, додека планот за чист воздух за кој зборуваат од 2018 бил заборавен со метар прашина на него, самите СДСМ не можеле да го најдат, а воедно не е точно дека парите во буџетот се намалени за заштита животната средина, поголеми се од тоа што биле.
Одговарајќи на прашањето за новите автобуси во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека парите ги нема во овој буџет затоа што истите сега ќе се купат, а отплатата ќе почне во 2028 година.