Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе го предложи поранешниот фудбалер и екс член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ за прв човек на куќата на фудбалот. Sport1
На денешното Вонредно годишно собрание на ОФС Свети Николе, со едногласна одлука на делегатите со 16 гласа ЗА, како предлог за Претседател на ФФМ овој го предложи Масар Омерагиќ., чија кандидатура сега добива официјален статус.
Омерагиќ се очекува да биде единствен кандидат на престојното Изборно Собрание по повлекувањето на Муамед Сејдини од претседателската функција на 17. ноември. Ekipa