Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ е избран за најкорисен кошаркар на 4. коло во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Ненад Димитријевиќ го одигра својот најдобар натпревар во дресот на македонската репрезентација, но за жал тоа не беше доволно за победа на нашата селекција на гостувањето во . Асот на беше нерешлива енигма за литванската одбрана, но откако се повреди, следуваше пад во нашата игра и Литванија го искористи тоа со убедлив триумф од 94-72. Димитријевиќ феноменалната партија ја заврши со 43 поени, а литванскиот репрезентативец Ажуолас Тубелис призна дека знаеле што ги чека кога на паркетот ќе биде популарниот Нено.