Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
6.13
11.11
2.72/0.45
9.00
2.13
0.24
620.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 13.5
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 13.5

Кошаркарскиот гигант МЗТ Скопје ја продолжи својата доминација и ја дополни својата колекција со уште еден пехар во Суперкупот, откако вечерва со одлично второ полувреме (43-27) славеше со конечни 78-64 против Пелистер.

МЗТ имаше подобар почеток на натпреварот и водство од 10-5, меѓутоа Пелистер почна да се буди до крајот на првата четвртина направи пресврт (21-19). Големата борба продолжи и во вторите 10 минути од натпреварот, а битолчани стигнаа и до плус седум (31-24), меѓутоа скопскиот тим до полувреме намали на 35-37. Пелистер даваше отпор во воведните пет минути на второто полувреме, меѓутоа МЗТ потоа ја презема контролата и го сврте мечот во своја корист, па така во последните 10 минути од дуелот влезе со водство од 56-50. МЗТ на почетокот на последната четвртина поведе со +11 (61-50), додека Пелистер се мачеше во нападот, па на крајот екипата од Аеродром го потврди одличното второ полувреме (43-27) и славеше со конечни 78-64 и се закити со уште една титула.

22:22 h 28-Sep-2024
  • Битолчани никако не успеваат да го совладаат МЗТ Скопје, така беше и на отворањето на сезоната, слават аеродромци нова победа (78:64) и пехар.
  • ◉ МЗТ Скопје продолжи да доминира: Го победи Пелистер за седми трофеј во Суперкупот на Македонија
21:10 h
  • Кошаркарскиот гигант МЗТ Скопје ја продолжи својата доминација и ја дополни својата колекција со уште еден пехар во Суперкупот, откако вечерва со одлично второ полувреме (43-27) славеше со конечни 78-64 против Пелистер.
  • Ништо ново во Суперкупот: МЗТ ја продолжи жетвата трофеи во мак-баскетот (ФОТО)
11:21 h
  • Со пет триумфи во низа и вкупно шест на 11. досегашни изданија, МЗТ Скопје вечерва тргнува во поход по уште еден пехар за потврда на доминацијата во Суперкупот на Македонија кој го носи името „Драган Василов Цевка“ Како предизвикувачи последната деценија се изредија многу екипи: Работнички, Карпош Соколи, ТФТ и Феникс, но ниедна не успеа да му го одземе пехарот во омиленото натпреварување на МЗТ Скопје.
  • На ред е Пелистер да се обиде да стави крај на доминацијата на МЗТ во Суперкупот
11:27 h 27-Sep-2024
  • Кошаркарите на МЗТ Скопје успешно ја стартуваа сезоната во АБА2 со убедлив триумф над Теодо, а „металците“ сега погледите ги вртат кон домашната сцена.
  • Атанасов: Секогаш е интересно против Пелистер, МЗТ ја прифаќа фаворитската улога
Ekipa

МЗТ Скопје ја отвори сезоната на домашната кошаркарска сцена на начин на кој го прави тоа и во последните години, со трофеј во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ откако во финалето овој пат славеше над Пелистер со 78-64 благодарение на подобра игра во второто полувреме и во нападот и во одбраната.

Отварањето на средбата донесе игра во серии во која прво поведе МЗТ Скопје, а потоа и Пелистер, но ниеден тим не успеа да направи позначајна предност поголема од два поседа па по десет минути игра на семафорот стоеше резултат 19-21. Изедначеното темпо продолжи и на стартот на вторите 10. минути, а прв иницијативата ја превзема битолскиот тим кој со серијата на тројки на Мишковиќ и Антоин поведе со 24-34. МЗТ Скопје одговори со далеку подобра игра во одбраната, а во нападот го имаше расположениот Слај кој со свои две тројки не дозволи „зелено-белите“ да ја задржат предноста, ја врати изедначеноста па на полувремето резултатот гласеше 35-37. Три минутниот пост на пелистерци на стартот на второто полувреме беше искористен од МЗТ Скопје за превземање на предноста, но ниту битолчани не дозволија аеродромци да влезат во ритам па изедначеноста продолжи да биде акцент и во третата четвртина. Ekipa