Поранешниот министер за правда Кренар Лога преку објава на Фејсбук информира дека писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат и дека едниот дел од писмото било наменето за јавност, а другиот дел бил класифициран.
Пред да замине од функцијата, ексминистерот за правда Кренар Лога, од кабинетот во Министерството со себе го зел документот со препораки за Судскиот совет изработен од Оценската мисија на Европската комисија.
Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда.
Министерот за правда Игор Филков во отчетот за сто дена Влада соопшти дека се поставени темелите за реформи во судскиот систем кои, рече, треба да бидат длабоки, суштински и влијателни со оглед на тоа што судството е областа каде државата имаше најмногу критики и поради коментарите за зголемена корупција во правосудните институции.