Но, искусните вардарци не дозволија серијата на „гладијаторите“ да продолжи, на сцена стапи Фереира, и до крајот на полувремето Вардар направи пресврт и поведе со сигурни 14-11. Вториот дел Вардар го започна во грч, а Охрид искусно го искористи тоа, постигна четири брзи гола и поведе со 14-15. Од тој момент на паркетот во „Јане“ се водеше голема битка, во која Охрид долго време го имаше водството на својата страна, но во финишот момците на Стоилов покажаа квалитет и карактер и заслужено славеа со 29-26. За Вардар се истакна Петриќ со шест гола, а еден помалку имаа Срдановиќ и Крсманчиќ. Gol