Maкедонските кошаркарки претрпеа уште еден убедлив пораз во квалификациите за Евробасктот, по поразот од Украина (49-98), денеска Португалија славеше триумф со 43-76. Од самиот почеток Португалија доминираше и беше подобрата репрезентација на теренот, Во финишот од првата четвртина португалските кошаркарки за првпат стигнаа до двоцифрена предност (12-22). Не успеваше Македонија да се врати ниту во продолжение, па предноста на гостите само растеше. Sport1