Македонската кошаркарска репрезентација дефинитивно ќе биде без клучниот поединец, Ненад Димитријевиќ, на првиот од двата ноемвриски квалификациски натпревари против Литванија, кој на 21 ноември ќе се одигра во Скопје.
Македонија би требало да биде значително засилена за вториот дуел од двомечот со Литванија, откако од таборот на Олимпија Милано најавиле дека се подготвени да му дадат зелено светло на Ненад Димитријевиќ да настапи за нашата селекција на дуелот во Клаипеда закажан за 24 ноември.