Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 13.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Македонската машка кошаркарска репрезентација има уште една шанса да напише уште една страница од историската книга на успеси, пред себе ќе го има својот добро познат ривал, некогашниот организатор на Евробаскетот во 2011 година и поранешен европски шампион – Литванија.
Кошаркарската репрезентација на кон крајот на ноември ги продолжува квалификациите за Европското првенство, а нашиот селектор Александар Јончевски за првата средба со сигурно нема да може да смета на најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ.