Долгоочекуваното српско дерби во европската елита започна со пет врзани поени на домаќините, но потоа следуваа седум на „црно-белите“ за 5-7. Сепак, во продолжение Црвена Звезда делуваше посигурна на паркетот и тоа ѝ донесе водство на првата мала пауза од два поени (21-19). „Црвено-белите“ во поголемиот дел од втората четвртина ја имаа предноста на своја страна, но како се ближеше полувремето, така Партизан го засилуваше своето темпо и на разочарување на домашните фанови на полувреме замина со водство од шест поени (39-45). По паузата и советите на тренерите во соблекувалната, Партизан, одново беше тимот кој што имаше контрола на паркетот. Gol