Кошаркарската репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз во третото коло од квалификациите за ЕП 2025, откако денеска во СРЦ Кале загуби со 67-82 од селекцијата на Литванија.
Македонија ослабена влезе во овој квалификациски прозорец, селекторот Јончевски на располагање ги немаше најдобрите, Нено Димитријевиќ, Ти Џеј Шортс и Итан Хап, па Литванија беше голем фаворит, а таквата улога ја преслика и на паркетот во „Кале“.