Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ како и многумина други кошаркари синоќа не можеше да игра за својата репрезентација поради клупски обврски во Евролига, а за својот Милано кој славеше 98:86 против Макаби Тел Авив постигна 11 поени со по една асистенција и еден скок за само 10 минути и 56 секунди на паркетот.
Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ ја запиша и петтата победа во Евролигата со екипата на Олимпија Милано, триумфирајќи во 11. коло со 98-86. Македонскиот репрезентативец мина само нешто повеќе од десет минути на паркетот, но имаше одлична ефикасност постигнувајќи 11 поени, дополнети и со по еден скок, асистенција и една украдена топка.