Македонската кошаркарска репрезентација пристигна во градот Клаипеда, каде ќе ги одмери силите во возвратниот квалификациски натпревар против силната . Домаќинот повторно ќе биде голем фаворит, но нашите кошаркари се надеваат на многу подобра игра од онаа во Скопје, а згора на тоа, ќе бидат засилени и со присуството на одличниот Ненад Димитријевиќ.
Да потсетиме, имаме само теоретски шанси за пласман на следниот Евробаскет, а нашиот скор во моментов е една победа и три порази.