Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си каде изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската унија и дека никогаш не го признале Косово.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ изјави дека е многу горд на фактот што седи само во српската фотелја, што Србија води независна политика и дека нејзината стратешка целта е да стане полноправна членка на ЕУ. „И ќе ги направиме сите потребни реформи.