Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со 43-те поени на дуелот со Литванија сега има точно 100 поени во овој квалификациски циклус за пласман на кошаркарското Европско првенство в година, со што, по дуелите во неделата, е најефикасен во овие квалификации, според статистиката на Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Тој води и на листата според просечниот број поени, со 33,3 поени по натпревар, и е единствен со просек поголем од 30. Димитријевиќ е прв и во рангирањето за индекс-поени во досегашниот дел од квалификациите, со просек од 30,7, а повеќе од 30 во просек по меч има само уште еден македонски репрезентативец, Итан Хап, 30,5. Покрај домаќините на 42-то Европско првенство (ЕП) в година, Кипар, Финска, Полска и Летонија, по квалификациските мечеви во неделата пласман на кошаркарскиот континентален шампионат обезбедија и репрезентациите на Литванија и на Србија. Novamakedonija