Судот во Босна и Херцеговина го прогласи за виновен претседателот на Репубика Српска Милорад Додик и го осуди на една година затвор и шест години забрана за занимавање со политика.
Судот на БиХ донесе првостепена пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит.
Адвокатот Анте Нобило, од тимот на одбраната на претседателот на РС, Милорад Додик, денеска изјави дека не е проблем кога некој е осуден на правично судење – проблемот овде е што ова не беше фер судење од почетокот.
Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, рече дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата во Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) против Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ.