Добивај вести на Viber Бугарскиот премиер Росен Жељазков го прозва македонскиот колега Христијан Мицкоски и рече дека треба да најде начин да се извини, откако вчера со бугарскиот министер за надворешни Георг Георгиев си разменија остри зборови.
Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.
„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.Во разговор за bTV, шефот на бугарската дипломатија потсети дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.„Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница.
Фото: „Нова Македонија“ Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон Претседателот на Владата и институциите на Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.