Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
27.89
21.11
0.76/0.76
7.00
3.30
0.47
664.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
13 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 348.0
Best clustering variants
13 0.99/0.01 2 348.0
Republika

Во изданието, Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура.

Во книгата се открива за животот на Панчев и надвор од зелениот терен… „Македонската Кобра, како што го знаат нашиот Дарко Панчев лаиците и оние поупатените, го разбранува фудбалскиот свет во своето време и на величествен начин – од Вардар преку Црвена звезда – во 1991 година стигна до титулата прв стрелец на Европа, освојувајќи ја ’Златната копачка‘ на популарниот ’Екип‘ и на брендот за спортска опрема ’Адидас‘. Со 34 постигнати гола и со освоените титули со Звезда – европски и светски клупски првак, и ’Сребрена топка‘ во изборот на реномираниот француски спортски весник ’Франс фудбал‘ за втор најдобар играч во Европа, иако според мнозинството од фудбалскиот свет ја заслужил ’Златната топка‘ – Панчев стана една од најинтересните фудбалски појави, не само на Стариот Континент, туку и во светот“, вели Михајлов во книгата. Republika