Во рамки на програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ која е под покровителство на Советот на Европа, во Скопје се одржува конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ организирана од Институтот за македонска литература при УКИМ. Republika
Со проектот „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како што рече, ќе се постигне афирмација на културно-историското наследство евидентирано во Скопско што ќе стане мапиран дел од европската културна рута.
На отворањето на конференцијата, заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков истакна дека културните рути се стожери во мисијата на Советот на Европа кои функционираат во насока на откривање и афирмирање на разновидното културно наследство во Европа како заедничка вредност со цел да ги поврзат луѓето и различните локации преку модалитетите на споделено културно наследство. Kanal5
Со проектот се планира промовирање на спомениците посветени на светите браќа, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, големиот број споменици во центарот на Скопје, претставите на светителите во фрескоживописот на скопските манастири и цркви, како што е манастирот во Матка од 14 век, како и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во рамки на конференцијата е отворена и изложба на фотографии и мапа на рутите на просветителите во 9 век. Sitel
Конференцијата ја отвори Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература при УКИМ која ги поздрави учесниците на конференцијата меѓу кои има и од Чешка, Словачка, Бугарија.
Со проектот „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како што рече, ќе се постигне афирмација на културно-историското наследство евидентирано во Скопско што ќе стане мапиран дел од европската културна рута. Republika
Во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ, денес и утре во Скопје, ќе се одржи Меѓународната конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како дел од програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ на Советот на Европа.
Свеченото отворање и работниот дел ќе се одржи во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“ на 8 октомври, со почеток во 10 часот. Republika