Со проектот „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како што рече, ќе се постигне афирмација на културно-историското наследство евидентирано во Скопско што ќе стане мапиран дел од европската културна рута.
На отворањето на конференцијата, заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков истакна дека културните рути се стожери во мисијата на Советот на Европа кои функционираат во насока на откривање и афирмирање на разновидното културно наследство во Европа како заедничка вредност со цел да ги поврзат луѓето и различните локации преку модалитетите на споделено културно наследство. Biznisvesti
Програмата на Советот на Европа презентира историски монументи, артефакти, ракописно наследство поврзани со рутата на движење и дејствување на светите Кирил и Методиј во нивната просветителска мисија на поширокото европско подрачје и нуди атрактивен модел за менаџмент на културата и туризмот.
Институтот за македонска литература-Скопје и Институт за старословенска култура во Прилеп се членки на проектот „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, сертифициран со лиценца од СЕ, официјално од 1 декември 2023. Republika
На Институтот за македонска литература при УКИМ ќе се одржи меѓународната конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како дел од програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ на Советот на Европа. Novamakedonija
Со проектот се планира промовирање на спомениците посветени на светите браќа, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, големиот број споменици во центарот на Скопје, претставите на светителите во фрескоживописот на скопските манастири и цркви, како што е манастирот во Матка од 14 век, како и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во рамки на конференцијата е отворена и изложба на фотографии и мапа на рутите на просветителите во 9 век. Republika