Во рамки на програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ која е под покровителство на Советот на Европа, во Скопје се одржува конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ организирана од Институтот за македонска литература при УКИМ. Biznisvesti
Со проектот „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како што рече, ќе се постигне афирмација на културно-историското наследство евидентирано во Скопско што ќе стане мапиран дел од европската културна рута.
На отворањето на конференцијата, заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков истакна дека културните рути се стожери во мисијата на Советот на Европа кои функционираат во насока на откривање и афирмирање на разновидното културно наследство во Европа како заедничка вредност со цел да ги поврзат луѓето и различните локации преку модалитетите на споделено културно наследство. Republika
Со него ќе се открие култот кон Кирил и Методиј што со векови постои на територијата на Скопско.
Со проектот се планира промовирање на спомениците посветени на светите браќа, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, големиот број споменици во центарот на Скопје, претставите на светителите во фрескоживописот на скопските манастири и цркви, како што е манастирот во Матка од 14 век, како и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Kanal5
Кирилометодиевското културно наследство има долга традиција на македонска територија проследувано на дијахрониски и синхрониски план, евидентирано и во материјалната и нематеријалната култура и од овој проект се очекува да придонесе за негова научна, културна и туристичка промоција.
Со него ќе се открие култот кон Кирил и Методиј што со векови постои на територијата на Скопско. Kanal5