Првата јавна дискусија, по трансформација на ресорот култура во Министерство за култура и туризам, се отвори на денешната Конференција во просториите на Јавна соба, како најава за утрешниот почеток на фестивалот Skopje Design Week.
Куќата на Есма Реџепова, најголемиот макеоднски музички бренд, која по својата смрт ја остави куќата на државата и од тогаш таа пропаѓа, да се претвори во музеј, повикува Логин Кочишки од „Пасворд продукција“, на денешната конференција во организација на Skopje Design week 2024, во соработка со Министерството за култура за развој на креативен туризам – Обединување на сите чинители.