Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години.
Во разговорот што со неа ќе го води Иван Антоновски ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност. A1on
Добредојдовте во светот на Сергеј Андреевски): свет на боите (во кој доминираат зелената и црвената), во кој нијансите говорат, и тоа експресионистички гласно!, комуницираат со музиката, со звуците на природата, со птиците, со коњите, со кучињата… со луѓето во селата и во градовите; додека прстите на уметникот се во вечен судир, војуваат, со хартијата и со платното, разоткривајќи ја притоа животната приказна на сликарот и човекот Сергеј Андреевски. Republika
Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик . Настанот ќе се одржи на 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2. „Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, , која важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, ‘Лицето на зборовите’, објавена пред точно дваесет години. Radiomof