Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик . Настанот ќе се одржи на 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2. „Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, , која важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, ‘Лицето на зборовите’, објавена пред точно дваесет години.
Добредојдовте во светот на Сергеј Андреевски): свет на боите (во кој доминираат зелената и црвената), во кој нијансите говорат, и тоа експресионистички гласно!, комуницираат со музиката, со звуците на природата, со птиците, со коњите, со кучињата… со луѓето во селата и во градовите; додека прстите на уметникот се во вечен судир, војуваат, со хартијата и со платното, разоткривајќи ја притоа животната приказна на сликарот и човекот Сергеј Андреевски.