Јас лично се заложив и најголем дел од времето го поминувам за откочување на тој процес.
Во собраниска процедура се измени и дополнувања на постојниот Закон за култура и се надевам дека до крајот на месецот ќе се донесе, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Nezavisen
Љутков изрази изрази задоволство од менаџерската работа на директорот Никола Кимовски кој во моментов продуцира неколку претстави во МНТ за кои дел од средствата се обезбедени од Министерството за култура и туризам.
Тој изрази уверување дека „од година во година и во делот на инвестициите и во делот на програмите, заедно со менаџерите, ќе го разбудиме заспаниот џин покрај Вардар и ќе им го вратиме сјајот на институциите“. Netpress
Јас лично се заложив, најголем дел од моето време го поминувам за откочување на тој процес.
Во собраниска процедура е и помина на претходната седница на Влада измена на Законот, се надевам дека на крајот на месецот и ќе помине тој закон во Собрание, рече Љутков. Kanal5
Но, јас ветувам дека од година во година и во делот на инвестициите, но и во делот на програмите, со менаџери какви што ги имаме денес, ќе го разбудиме „заспаниот џин легнат покрај реката Вардар“.
Ќе им го вратиме сјајот на институциите. Republika
За поправка на оштетувањата на објектот на Македонскиот народен театар од протекувања дожд и од поплави, ќе требаат години.
Ова го кажа министерот за култура и туризам, Љутков, при денешната обиколка на објектот на театарот , заедно со в.д. директорот Никола Кимовски. Telma
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, денеска го посети Македонскиот народен театар, а присуствуваше и на пробата на актерите за претставата „12“ , адаптација на познатото сценарио „Дванаесет гневни луѓе“ во режија на Синиша ефтимов. Skopjeinfo
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети Македонскиот народен театар каде ќе се запознае со состојбите и плановите на установата. Republika