Археологијата е наука која се занимава со проучување на минатото преку откривање и анализа на материјални докази (археолошки предмети и целини) и критичка анализа на изворите.
По повод некои еклатантно неуки и тенденциозни написи и напади во медиумите и на социјалните мрежи во врска со епохалното откритие во македонската археологија на досега непознатата некропола од архајскиот период во струшкото село Корошишта, Македонското археолошко друштво (МАД), здружение на професионалните археолози во Македонија, ја упатува следната реакција до јавноста: Археологијата е наука која се занимава со проучување на минатото преку откривање и анализа на материјални докази (археолошки предмети и целини) и критичка анализа на изворите со цел да се формира објективна слика за периодите од минатото, притоа користејќи востановена методологија позната очигледно секаде во светот, освен кај нас. Kanal5