Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегувањето од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на оваа знаменита книга за современата македонска литература (на 25 ноември 1939 година, во Самобор, Хрватска). Како што пишува авторот во воведот на книгата, Рацин е неговиот научен предизвик за кого, уште како млад научник, се обидел детално да го реконструира престојот во Хрватска и неговите дружења со истакнати антифашисти, писатели, уметници и политички другари. Republika