Од неговите македонистички трудови значајни се: „Јужнословенски книжевни проткајувања“ (1991), „Хрватско-македонски книжевни врски“ (1988), „Рацин во Хрватска“ (2000), „Компаративни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препознавања“ (2004), „Браќата Миладиновци – легенда и стварност“ (2001), „Компаративни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препознавања“ (2007), „Прилози за истражувањето на македонската книжевна историја“ (2009), „Македонскиот 19 век“ (2011), „Македонско-хрватски врски“ (2006), „Македонски теми без дилеми“ (2014), „Македонците во Приморско-горската жупанија“ (2016), „Македонски пријателства“ (2019). За неговиот придонес во афирмацијата на македонската литература, култура и јазик добил повеќе македонски награди, меѓу кои Орден за заслуги за Македонија, почесно Рациново признание за 2005 година, медал „Свети Климент“, почесен докторат (doctor honoris causa) на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. A1on