Како што посочуваат, претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од неговите обожаватели, децата.
Приказната се раскажува почнувајќи од музејската поставка „Зошто Дедо Мраз го одбра железничкиот сообраќај?“ преку мултимедијална театарска претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на сцената на Македонски железници – Инфраструктура, завршувајќи со разглед на специјалниот новогодишен воз на Дедо Мраз, поставен на перонот бр. 1 на Железничка станица во Скопје. Biznisvesti