Додека на сите меридијани одекна веста дека неповторливиот синеаст замина во бесмртноста на филмското небо, се сеќавам на моето детство во Скопје, кога во нашиот фамилијарен дом во Аеродром го гледав неговиот култен филм „Човекот слон“ и низ солзи се молев за трагичната судбина на херојот: Оставете да живее независно што е различен од другите, спасете го! Подоцна со нашата преселба во Париз и многубројните презентации на неговите филмови, кои влегуваат во антологијата на светската кинематографија, сфатив дека естетиката на Линч беше толку мистериозна што тој всушност беше олицетворение на една од најголемите авторски одисеи, чија суштина и таинственост нашите очи нема никогаш докрај да ја откријат! Novamakedonija