Директорот на МНТ, Никола Кимовски, раскажа дека уште од првата проба интересот на публиката бил голем, а Ѓорѓи Јолевски го опиша проектот како „престиж и хорор во исто време“, каде демократскиот пристап кон мизансценот бил клучен дел од креативниот процес.
Актерот Сашко Коцев на тркалезната маса за претставата „12“ на Македонскиот народен театар | Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“ Вчера беше отворена и Детската зона на фестивалот околу Саат-кулата, каде стотици деца цртаа, пееја и учествуваа во ликовна работилница со Ателје Артика, под водство на Методи Исков и Елена Димоска. Racin
Вечерва, во 19 часот, ќе биде изведена претставата „Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народниот театар од Штип, со актерска екипа составена од Ефтим Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонова, Стефанија Митовска, Ава Хусеини и други.
Програмата „Драмолетање“, посветена на поврзување на млади драмски автори со професионалци и менаџери на театри, продолжува и денес во киното „Мис Стон“. Meta
Громогласни аплаузи и овации добија актерите на Народниот театар од Битола синоќа во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“, по изведбата на претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. Trn