Пукната гума од автомобилот најверојатно е причината за сообраќајната несреќа во која загина ѕвездата на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре, јавуваа Би-Би-Си. Трагичната несреќа се случи нешто после полноќ на патот А-52 во провинцијата Замора во Шпанија, во близина на границата со Португалија.
Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во шпанскиот регион Замора, откако пукнала гумата на неговиот автомобил, поради што излетал од автопатот.
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.