Запрашан дали има некакви сознанија пред почетокот на денешната дебата за Извештајот за земјава поднесен од страна на европратеникот Томас Вајц, премиерот Мицкоски рече дека голем број европратеници се изјасниле против амандманот, преку кој се бара отстранување на термините македонски јазик и народ од Извештајот и изрази жалење што во 21 век, сѐ уште има такви пратеници во Европскиот парламент, којшто треба да биде лулка на демократијата.„Жалам што во 21. век во Европа има и такви пратеници во Европскиот парламент којшто треба да биде лулка на демократијата, кадешто ќе се почитуваат човековите права, идентитетот на еден малуброен народ во Европа, неговиот мајчин јазик нема да биде камен на сопнување, но ете постојат и такви луѓе.
„Размислувам, веќе се разговара за тоа во партијата.
Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, остро ја критикува одлуката во октомври да нема предвремени парламентарни избори, туку само локални и ја оценува како политиканство што ја парализира државата.