Станува збор за неповратни средства кои ги обезбеди Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, односно преку Програмата за регионална енергетска ефикасност, а за што денес Министерството за образование и наука и Министерството за финансии потпишаа договор со Германската развојна банка.
Грантот, како што е соопштено е наменет за покривање на дел од трошоците за реконструкција на четири државни студентски домови во рамки на втората фаза од проектот – „Никола Карев“ во Охрид, „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Орде Чопела“ во Прилеп и „Томе Стефановски – Сениќ“ во Скопје, чии објекти ќе ги исполнат стандардите за речиси нулта енергетска потрошувачка. Skopjeinfo
Најави и нова фаза која ќе вклучи изградба на образовни установи за ученици со посебни потреби.
Министерката за образование и наука, Јаневска, информираше дека е во тек темелна реконструкција на девет државни студентски домови, поддржана од ЕУ и KFW. Press24