СВР Битола – ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14 годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување.