Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод, соопштија денеска од МВР, лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14 годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување. Sitel